Посни залчиња: Рижото со зеленчук и ролнички полнети со црни маслинки

2 вкусни рецепти

Бидејќи е време на велигденскиот пост, вистински миг е да пробате вкусни посни специјалитети, едноставни за приготвување…

Рижото со зеленчук (Текстот продолжува по огласот…)

Потребно е: 150 г ориз, 50 г грашок, 50 г пченка, 80 г шампињони, кромид (односот на намирниците можете да го менувате во зависност од вкусот), свеж домат и лимон

Приготвување: прво сварете го оризот, а потоа во малку масло издинстајте ситно сечкан кромид и шампињони. Додајте обарен грашок и пченка и пржете уште малку. Кога оризот е готов, процедете го, а потоа соединете го со преостанатите состојки и добро промешајте. Потоа формирајте го саканиот облик во чинијата (можете да користите шолјички за кафе или помали чинии што ќе ви послужат како калап) и сервирајте го јадењето со крукчиња домати и со 2 парчиња лимон.

Совет-плус: доколку користите пченка од конзерва, имајте на ум дека е веќе сварена.

Ролнички со црни маслинки

Потребно е: 2 филети ослиќ, 3 црни маслинки, блитва, брокули, карфиол, компир, морков, 20 г маргарин, 1 дл бело вино, шери-домат, 1 лимон, брашно, сол и црн пипер

Приготвување: прво обарете ги блитвата, брокулите, карфиолот, излупениот компир и морковот. Потоа ситно исечкајте ги маслинките и наредете ги врз филетите ослиќ. Потоа завиткајте ги филетите и извалкајте ги во брашно, па испржете ги во тава. Кога зеленчукот ќе биде готов, додајте го во тавата и повремено мешајте.

Пред крај на печењето, додајте ги маргаринот, кој претходно сте го извалкале во брашно, и бело вино. Сервираното јадење украсете го со шери-домати и со парчиња лимон.

Текст и фото: Убавина и здравје

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.