Познатата фолк-ѕвезда и одлична домаќинка Сека Алексиќ го сподели својот рецепт за вкусно јадење кое го приготвува за семејството, особено за време на големите верски празници. Таа строго ги почитува христијанските правила на пост, а својата кујна ја претвора во вистинска бајка, полна со здрави и вкусни оброци.
Состојки:
-
8 пиперки
-
500 г пченка (жито)
-
3 чешниња лук
-
100 г домати
-
300 г праз
-
1/2 лажичка слатка пиперка
-
Босилек по вкус
Приготвување:
-
Ситно исечкајте го празот, а доматите исечкајте ги на коцки.
-
Пропржете го лукот со слатката пиперка, па додајте сварено и сомелено жито.
-
Додајте зачини по вкус и малку босилек, па со подготвената смеса наполнете ги пиперките.
-
Наредете ги во плех или сад за печење, покријте ги со фолија и печете ги 30 минути на 180°C.
