Омилената храна на здрав начин: Вегебургер

Оваа верзија на бургер од зеленчук лесно се приготвува, а единствена „мана“ ѝ е тоа што мора да поседувате сечко или бледнер кој ќе ги иситни состојките. 

Океј, да бидеме искрени, повеќето од нас обожаваат брза храна, но земајќи предвид дека најголемиот број нездрави состојки се наоѓаат токму во неа, настојуваме да ја избегнуваме или воопшто да не ја консумираме. Понекогаш тешко ни паѓа тоа што нашиот омилен бургер има толку многу шеќери, масти, стабилизатори, емулгатори… Е, тогаш ни се добредојдени здрави верзии на храната во кија навистина уживаме!

Еве што ви е потребно:

Состојки:

1 шолја брокули

1 шолја пченка (обарена или од конзерва)

1 црвена пиперка

1 млад кромид

1 чили-пиперче

1-2 чешниња лук

1 полна лажива брашно

1 лажиче алева пиперка

Сол, црн пипер

Приготвување:

Ставете го сиот зеленчук во сечкото и исечкајте го на ситни парченца. Додајте ги зачините и добро промешајте. Направете топчиња, спескајте ги малку со рака и испржете ги во маслиново масло. Кога се готови, наросете ги со сок од лимон.

Фото: Pixabay

Сервирање:

Обложете го лепчето со листови зелена салата по желба, врз нив ставете ги бургерот, сос, парче домат, кромид исечен на полумесечинки… и која било салата што ја обожавате!

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.