Мека, сочна и воздушеста: Посна пита со печурки по рецепт на Цеца Ражнатовиќ – совршена за велигденскиот пост

Започна втората од вкупно седумте недели на Велигденскиот пост, а многумина сè уште трагаат по идеи со кои би ја збогатиле посната трпеза. Рецептот за сочна пита со печурки на Цеца Ражнатовиќ е вистински избор за појадок или вечера – едноставен за приготвување, а исклучително вкусен.

Цеца го пости секој пост, а во тој период преферира лесна, но вкусна храна. Токму таков е и овој рецепт што често го приготвува во својот дом.

Потребни состојки:

  • 500 г кори за пита

  • 500 г шампињони

  • 2 помали праза

  • 1 дл масло

  • 1 чаша кисела вода

  • 1 прашок за печиво

  • мешавина зачини, бибер и сол по вкус

Приготвување:

Празот ситно исечкајте го и динстајте го на масло додека не омекне. Додадете ги ситно сечканите шампињони и продолжете со динстање додека течноста целосно не испари. Посолете, побиберете и додадете мешавина од зачини по вкус.

Корите поделете ги на три дела. Првите две премачкајте ги со мешавина од масло и кисела вода, а врз третата рамномерно распоредете го подготвениот фил. Завиткајте ја питата во ролат и наредете ја во плех обложен со хартија за печење.

Печете во претходно загреана рерна на 180°Ц додека кората добие златно-кафеава боја.

Резултатот е мека, сочна и воздушеста пита, идеална за деновите на пост – едноставна, а богата со вкус.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе