Леб од тиквички: Необичен рецепт за вкусен и летен оброк

Да, добро прочитавте!

Додека трае сезоната на тиквички, треба да ги јадете што е можно почесто бидејќи се богати со вода, нискокалорични се, содржат витамин Ц и Б и калиум.

Тиквичките имаат и многу влакна, кои се важни за варењето и не одржуваат сити, го регулираат крвниот притисок и отчукувањата на срцето. Ви носиме рецепт за леб од тиквички кој можете да го послужите како предјадење или како лесен појадок или вечера.

Рецепт за леб од тиквички

Состојки:

2 тиквички

320 г брашно (или интегрално)

1/2 кесичка прашок за пециво

сол, бибер и зачини по желба

120 мл масло

170 мл јогурт

2 јајца

150 г сирење (може да биде и тофу)

сусам

Приготвување:

Тиквичките изрендајте ги на крупно ренде, па соединете ги со сите останати состојки. Добро измешајте за да се изедначи смесата. Истурете го во подмачкан калап, посипете со сусам и печете на 190 степени околу 35 минути, додека не порумени. Оставете да се излади, па извадете го од калапот и исечете на коцки.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.