Кремаста посна чорба од печурки по рецепт на Цеца: Брзо, вкусно и хранливо за помалку од 30 минути

Идеално јадење за студените денови – вкусно, лесно за приготовка и совршено за секојдневна ужинка или ручек.

Поради динамичниот начин на живот, честите патувања и напорните настапи, Светлана Цеца Ражнатовиќ нема секогаш време за долгото готвење. Сепак, тоа не значи дека се откажува од вкусната домашна храна. Нејзиното омилено брзо и хранливо јадење е постната кремаста чорба од печурки – идеална како оброк кој грее, заситува и го радува непцето.

Цеца отворено признава дека не се смета за голем готвач, но кога ќе одлучи да готви, тоа го прави со уживање. Не се натпреварува во сложени техники, но нејзините јадења секогаш излегуваат со богат вкус и полна арома. Особено ги сака јадењата „на лажица“, а чорбите ѝ се омилена опција – лесни, диетални, а сепак хранливи.

Состојки:

  • 300–400 г шампињони

  • 2 помали моркови

  • парче корен од целер

  • половина стебло праз

  • мала главица кромид

  • 1 ловоров лист

  • мирудија, сол и бибер по вкус

  • 2 дл кисела павлака или растителна павлака за време на пост

  • свеж магдонос

  • 2 лажици брашно или скорб

  • свеж рендан пармезан (по желба)

  • сечкан магдонос за посипување (по желба)

Приготвување:

  1. Измијте ги и исечкајте ги печурките, а потоа кратко сварете ги. Извадете ги со лажица и оставете ги настрана.

  2. Во водата од печурките додајте мирудија, корен од целер, морков, праз, цел кромид, ловоров лист, сол и бибер. Варете додека зеленчукот омекне и ја ослободи аромата.

  3. Ако сакате, запржете ја чорбата со брашно или скорб. Измешајте ги со малку вода за да нема грутки и постепено додајте во чорбата со постојано мешање.

  4. Додајте кисела павлака и сè измешајте со миксер додека добиете кремаста и мазна текстура. Дел од печурките оставете ги исечкани за побогата структура.

  5. Пред сервирање, посипете со свеж магдонос и рендан пармезан, па послужете топло.

Совет:

Оваа чорба е совршена за брз и лесен оброк, идеална за студеникавите денови и совршено се вклопува во диетална исхрана. Пориготвувањето не трае повеќе од 30 минути, а вкусот е богат и полн, што ја прави омилена во секојдневното мени.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе