Од мала незгода до совршен резултат – Јована уште еднаш докажа дека најдобрите рецепти не се само за вкус, туку и за уживање во процесот. А оваа посна пица? Дефинитивно ќе сакате да ја пробате!
„По неверојатниот успех на моите fish and chips, одлучив да направам посна пица“, открива водителката на утринската програма „Ја сакам Македонија“ во своето видео-обраќање до следбениците на Инстаграм.
Имено, Јована Стојменовиќ во своето најново видео одлучи да внесе малку забава во кујната – и веднаш да покаже дека не мора сè да оди совршено за резултатот да биде фантастичен.
Во духот на искусните готвачи, Јована се обиде ефектно да го заврти тавчето во рака… но наместо аплауз – следеше мал „инцидент“. Тавчето ѝ се лизна, но таа не се збуни, туку се насмеа и продолжи како ништо да не се случило. И токму тука почнува вистинската магија.
Главната ѕвезда? Необично, но здраво тесто од леќа. Накиснатата леќа ја изблендира со доматен сос и малку масло, создавајќи мазна смеса која ја излева во тава. По само 15 минути печење на 180 степени – основата е подготвена.
Следи највкусниот дел: богато филување со доматен сос, посен кашкавал, сочни печурки, свежа пиперка и сечкани маслинки. Пицата повторно оди во рерна, каде за уште 15-20 минути се претвора во вистинско веганско ремек-дело.
Финалниот допир? Неколку листови свежа блитва за боја, вкус и дополнителна свежина.
Можеби и не толку неверојатен успехот, но секој новозготвен рецепт, за мене, е уште една мала победа”, порача познатата водителка.
Погледнете:
View this post on Instagram
Видео: Инстаграм