Идеален летен ручек: Филети од туна во маринада

За две лица

Готови за 30 минути!

Специјалитетите од риба, која содржи големи количества витамин Д и омега-3 масни киселини, се хранливи и многу вкусни, а не дебелеат, па ќе ги задоволат и најпребирливите гурмани што внимаваат на линијата…

Ви претставуваме лесно и можне едноставно јадење од туна, кое е совршен избор за топлите денови, кога сите избегнуваме да стоиме долго време покрај шпоретот.

Состојки: 350 г филе туна, 100 г маслинки, 1 чешне лук, 20 г копар, 4 лажички маслиново масло, 5 лажички лимонов сок, сол, црн пипер, врска магдонос

Приготвување: во еден сад соединете ги сечканиот копар, лучкето, маслинките, маслиновото масло и лимоновиот сок, па во мешавината додајте поголемо филе туна да отстои неколку часа во фрижидер. Загрејте тава на оган и во неа испржете го филето, по две минути од секоја страна.

За време на пржењето, рибата треба да се пече од секоја страна еднакво во добро загреана тава така што внатрешната да ѝ остане мека и сочна. Кога е готово филето, врз неа истурете малку од мешавината од садот и додајте салата по желба.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.