Брзо и лесно: Њоки со печурки
Њоките се прават од тесто со компир, со јајца и брашно. Вкусни се кога ги јадеме и може да се јадат и без никаков прилог. Овој рецепт е за њоки со печурки.
Потребни состојки:
Обновете ја лозинката.
Лозинката ќе ви биде испратена на вашата мејл-адреса.
Њоките се прават од тесто со компир, со јајца и брашно. Вкусни се кога ги јадеме и може да се јадат и без никаков прилог. Овој рецепт е за њоки со печурки.
Потребни состојки:
500 гр њоки
-3 лажици маслиново масло
-1 главица кромид
-1 чешне лук
-500 гр печурки по избор
-100 мл црвено вино
-300 мл вода или бистра супа
-2 лажици путер
-сок од 1/2 лимон
-маслиново масло сол, црн пипер свежи листови мајчина душица
За сервирање: пармезан
Начин на подготовка:
Сварете ги њоките според упатството на пакувањето. Во подлабока тава на маслиново масло пропржете го ситно исечканиот кромид. Кога ќе омекне, додадете го изгмечениот лук и кратко пропржете за да замириса. Печурките измијте ги убаво, исечкајте ги и додајте ги во тавата. Пржете 10-15 минути додека да испари целата течност што ќе ја пуштат. Додадете ги виното и водата (или супата) и оставете да се вари 5-10 минути или додека не испари течноста до половина. На крајот додадете ги путерот, сокот од лимон и зачините. Ренданиот пармезан може да го додадете директно во сосот или на крајот кога ќе го сервирате јадењето. Исцедете ги сварените њоки, спојте ги со сосот и послужете ги топли.
Претходна објава
Следна објава
Обновете ја лозинката.
Лозинката ќе ви биде испратена на вашата мејл-адреса.