Совети за брзо вадење на кожичката од пилешкото месо: Само вака е правилно!

Брзо и едноставно

Ви носиме совети како наједноставно да ја отстраните пилешката кожичка

Кожата на пилешкото месо е многу богата со маснотии, па во многу рецепти се препорачува да се отстрани.

За луѓето кои имаат проблем со холестеролот не се препорачува да ја јадат кожата од пилешкото, токму поради големата количина на маснотии.

Отстранувањето на пилешката кожа не е многу комплицирано, но само ако го правите тоа правилно. Сè што ви треба е остар нож, штица и пиле кое не е замрзнато.

  • Во случај да има заостанати пердуви по кожата, најпрво отстранете ги нив, за да не дојдат подоцна во допир со месото.
  • Околу нозете и крилата има подебел поткожен слој, кој треба внимателно да се отстрани со нож, но внимавајте да не го повредите месото на пилето.
  • Почнете да го отстранувате слојот помеѓу кожата и месото, внимателно засекувајќи со нож и на тој начин отстранете ја кожата. Токму затоа, пилето треба да биде добро одмрзнато.
  • Внимателно повторувајте ја постапката од сите страни на пилето и по кратко време, нема да има повеќе кожичка на него.
  • Потоа, кога пилето ќе биде исчистено од кожата, можете да продолжите со понатамошна подготовка.
Кобна грешка на многу готвачки: Ако го правите ова со пилешкото месо, го ризикувате здравјето!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.