Поевтини парчиња месо и добри маринади се тајната за вкусен и сочен оброк
Цените на месото се сè повисоки, но тоа не значи дека треба да се откажете од богата првомајска скара. Со внимателен избор на поевтини, но квалитетни намирници, можете да подготвите вкусен оброк за целото друштво без големи трошоци. Добрата маринада и правилната подготовка често прават поголема разлика од самата цена на месото.
Еден од најдобрите избори е пилешкиот карабатак без коска, кој е значително посочен од пилешкото филе. Благодарение на природната маснотија, месото останува меко и полно со вкус дури и по подолго печење на скара. Маринада од масло, сенф, лук и црвен пипер дополнително го подобрува вкусот.
Домашните ќебапи и плескавици се уште една исплатлива варијанта. Најдобро е да се користи мешано мелено месо, а со додавање малку кисела вода и сода бикарбона смесата станува повоздушеста и посочна.
Во плескавиците може да се додаде и рендано сирење, што им дава побогат вкус без големо дополнително трошење.
Наместо поскапи парчиња месо, многумина се одлучуваат за свинска плешка која со добра маринада станува многу мека и вкусна. Покрај месото, одличен избор за скара се и тиквички, модар патлиџан и шампињони, кои добиваат посебна арома на жар.
Со ваква комбинација, трпезата ќе биде богата, вкусна и доволна за целата екипа.
pexels-boris-ivas-28180462-18824001