Шаренило од вкусови: Велигденскиот број на магазинот „Добра храна“ е во продажба!

Сити и вити

Новиот број на „Добра храна“ изобилува со вкусни рецепти и предлози за вашата велигденска трпеза

Не знаеме за вас, но нам пролетта и Велигден како да ни се прикрадоа. Можеби е така поради целиов неизвесен период на пандемија и изолации, па деновите се претопуваат еден во друг и додека да трепнеме поминал цел месец!

Сепак, не заборавивме да подготвиме мноштво рецепти за вас, кои ќе можете да ги искористите наредниов период. Заокружете ја пролетта со раскошна празнична трпеза, украсена со велигденски специјалитети и шаренило од вкусови, во кругот на потесното семејство.

Празнична плетенка

Круна на вашата гозба нека биде ориенталниот класик, баклавата, или, пак, некој освежителен десерт, како што е мус-тортата од лимон.

Ориентален класик – баклава
Мус-торта од лимон

По завршувањето на празниците, обидете се да одбирате полесни деликатеси, кои се исто толку вкусни, но многу попријателски настроени кон линијата – јадењата со спанаќ во главната улога се нашиот предлог.

Царска пита со спанаќ

И не заборавајте да поминувате што помалку време во кујната! Концентрирајте се на едноставни и брзи рецепти, во што се надеваме дека ќе ви помогнеме. Останете здрави и уживајте во готвењето и добрата храна!

Ваша Марија Лукаревска

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.