Сезона на волшебни вкусови: Во продажба е новиот број на магазинот „Добра храна“!

Бидете сити и вити!

Во најновиот број на „Добра храна“ ќе најдете разни вкусни рецепти и кулинарски трикови!

Мирис на печени костени, чорба од тиква, зимници… Има некој магија во овој период од годината, а во голема мера за тоа се заслужни сезонските специјалитети, Кои никого не го оставаат рамнодушен.

Пониските температури со себе носат и покалорични оброци, кои ќе ве заситат во текот на доцните есенски денови. Ако ви снемало инспирација, сигурни сме дека меѓу големиот број предложени рецепти во нашиот мал кулинарски водич ќе ги најдете вашите фаворити.

Почнете од гастро-мајсторите и нивните фантастични идеи.

Овој број тиквата е во фокус, па не пропуштајте да го пробате и рецептот што ја краси насловната страница.

Полнети тикви

Јадењата со пилешко месо никогаш не досадуваат, така што не е ни чудо што токму нив ги одбравме за тема на бројот (полнетото пилешко месо во лиснато тесто ќе ве воодушеви).

Полнето пилешко месо во лиснато тесто

Ако, пак, сте расположени за нешто слатко, развеселете ги вашите домашни со некој од ролатите на нашите страници.

Ролат од баклава
Ролат од обланди

Уживајте во есенската магија и домашно зготвената храна!

Ваша,

Марија Лукаревска

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.