Рецепт за султанова слатка сарма: Кремаст десерт кој не се пече!

Овој десерт се приготвува многу брзо, состојките се секојдневни и сигурно веќе ги имате дома, а може да се јаде веднаш по подготовката.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Султанова слатка сарма или „паша-локум“, како што е познат овој колач, е кремасто слатко што ќе ве воодушеви со својот едноставен начин на приготвување и единствен вкус.

Овој десерт се подготвува многу брзо, состојките се секојдневни и сигурно веќе ги имате во куќа, а може да се јаде веднаш после подготовката.

Децата особено ќе го обожаваат, но и сите љубители на вкусот на чоколада.

Состојки:
1 л млеко
150 г шеќер
70 г брашно
30 г какао
200 г кокос
50 г маргарин
250 мл слатка павлака

Приговување:

Измешајте нишесте, брашно, шеќер, како, ванилин шеќер и 300 мл млеко. Остатокот од млекото ставете го да проврие, а во меѓувреме во голема тава (од рерна) истурете го целиот кокос и рамномерно распоредете го во тавчето.

Кога млекото ќе проврие, гответе го разматениот нишесте и сето тоа згответе го во еднолична маса. Кога масата е зготвена, тргнете од шпорет, додајте маргарин и повторно се заедно соединетете.

Полeјте со пудинг рамномерно преку кокосот, водејќи сметка да не се крева кокосот.

Потоа, оставете го пудингот да се излади на собна температура, па ставете го во фрижидер на половина час.

Изматете ја слатката павлака, па нанесете ја врз изладениот пудинг.

Потоа исечете го пудингот на еднакви ленти, а потоа истите преполовете ги. Секоја лента виткајте ја како сарма и додадно ставајте кокос околу неа.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Слатките сарми чувајте ги во фрижидер пред да ги послужите.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.