При подготвувањето компири, ова се трите најчести грешки што ги правиме

Совети за најдобар вкус

Секој јаде компир и оваа храна е дел од многу јадења, а често и гарнир. Се користи за правење салати, супи, чорби, но многумина сепак прават грешки при подготовката. Еве ги трите најчести грешки при готвење компири.

Ги лупите сирови

Многумина лупат компири пред да ги стават за готвење. Сепак, најдобро е да се готви со кора бидејќи полесно ќе се отстрани, а експертите велат дека тогаш има подобар вкус.

Ги варите во врела вода

Како и кај повеќето зеленчуци, луѓето чекаат да зоврие водата за да стават компири во неа, но тоа е голема грешка затоа што тогаш најверојатно ќе останат сирови одвнатре.

Најдобра опција е да ставите компири во ладна вода, а кога таа ќе зоврие, намалете ја температурата и варете до 20 минути.

Проверувате дали се зготвени со вилушка

Многу луѓе користат вилушка за да проверат дали компирот е варен или доволно мек. Но, тогаш почнува да се распаѓа во водата, што не е многу примамливо.

Треба да се напомене дека минималното време за готвење на компирот е 10 минути. Ќе бидат потребни 15 минути за да се готват помалите компири, и 20 за поголеми што ќе ги користите во салатата или да подготвите пире.

Прочитајте и: Додадете го ова во вашето пире од компири за тоа да биде уште покремасто и повкусно

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.