Зеленчукот на скара може да биде повкусен од самото месо: 7 сочни и ароматични идеи што ќе ве воодушеват

Кој зеленчук е најдобар за на скара?

Уживајте во скарата на нов начин! Дознајте како да приготвите зеленчук кој ќе биде сочен, ароматичен и совршен за секој оброк

Скарата не мора да биде резервирана само за месо – зеленчукот на жар често може да биде дури и поароматичен и посочен. Кога ќе се приготви правилно, добива блага чадена нота, се карамелизира однадвор, а останува мек и полн со вкусови однатре. Еве кој зеленчук важи за апсолутен фаворит за на скара:

1. Пиперка – кралица на скарата

Пиперката на скара добива сладок и зачаден шмек кој ја прави неодолива. Најдобро е да ја печете цела, па потоа да ја излупите и зачините со маслиново масло, лук и малку оцет.

2. Модар патлиџан – кремлива текстура

Модриот патлиџан впива зачини како сунѓер. Исечкајте го на кругови, посолете го за да ја пушти горчината, па премачкајте го со масло и печете го додека омекне. Идеален е со лук и магдонос.

3. Тиквички – лесни и сочни

Тиквичките брзо се приготвуваат и совршени се за лесни оброци. Зачинете ги со малку маслиново масло, сол и бибер – и ќе имате одличен прилог.

4. Печурки – полн погодок

Печурките се меснати и сочни, па честопати им се омилени на оние што сакаат појаки вкусови. Највкусни се кога се маринираат во масло, лук и зачини.

5. Пченка – сладок класик

Пченката на скара добива совршена комбинација на слаткост и чад. Премачкајте ја со путер и посолете – едноставно, а совршено.

6. Кромид – скриен херој

На скара кромидот станува сладок и мек. Исечкајте го на кругови или четвртини и печете го додека добие златна боја.

7. Компир – заситува и многу е вкусен

Компирот можете да го печете во фолија или претходно да го сварите, па да завршите на скара. Крцкава коричка и мека средина – комбинација на која ретко кој може да ѝ одолее.

Мали трикови за совршен зеленчук на скара:
  • Пред печење, премачкајте го зеленчукот со малку масло за да не се лепи.
  • Не претерувајте со превртување – оставете да добие убави траги од скарата.
  • Додајте зачини пред и по печењето.
  • Комбинирајте повеќе видови зеленчук за побогат вкус.
Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе