Зелена супа по рецепт на Гордон Ремзи: Содржи само три состојки, а вкусот е волшебен!

Рецепт на познатиот готвач

Ако ги следите упатствата, вашата супа ќе има ист вкус како онаа што ја приготвува славниот готвач

Познатиот готвач Гордон Ремзи ужива да прави фантастична супа од брокули од само три состојки, без да се сметаат зачините, сол и бибер.

Тајната на вкусот и бојата е во постапката на приготвување.

Важно е да запомните дека никако не смеете да ја фрлите водата од готвењето, ниту при варење тестенини, ниту при варење брокули.

Состојки:
  • 2 килограми брокули
  • 1,5 литри вода
  • 120 милилитри павлака (со висок процент млечна маст)
  • 4 лажички сол
  • бибер
Приготвување:
  • Користете ги само цветовите на брокулата. Откако ќе ги отстраните останатите делови, би требало да ви останат околу 800 грама.
  • Загрејте ја водата до вриење, посолете ја и варете ги цветовите брокула околу 10 минути.
  • Исцедете ги, но зачувајте ја водата од готвењето.
  • Ставете ги цветовите во тавче и загревајте ги две-три минути за да се исушат.
  • Изблендирајте ги, со лажица вода од готвењето.
  • Измешајте го добиеното пире со уште малку вода од готвењето, исцедете и почекајте да се олади.
  • Пред послужување, загрејте ја супата до вриење, додајте ¾ од преостанатата вода од готвењето, а потоа измешајте ја и павлаката.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.