Здрави, крцкави грицки: Зачинети јаткасти плодови

Пригответе си ги сами омилените грицки и уживајте во филмската вечер!

Потребни состојки:
  • 60 г светло кафеав шеќер
  • 1 лажица бел шеќер
  • 1 лажица сол
  • 1 лажичка ким
  • 1 лажичка црвен пипер
  • 1½ лажичка бибер
  • 1 лажица рендана кора од портокал или лимон
  • 1 лажица сок од портокал или лимон
  • 1 белка од јајце
  • 300 грама непечени јаткасти плодови по избор
  • 1 лажица убаво исечкани ливчиња од рузмарин
Начин на подготовка:

Рерната загрејте ја на 150 степени Целзиусови.

Во помал сад, помешајте ги шеќерот, солта, зачините и кората од портокал.

Во поголем сад, изматете ја белката со жица додека не стане пенеста, околу една минута. Потоа додадете ги сувите состојки и сокот од портокал и измешајте ги заедно.

Потоа додадете ги јаткастите плодови и убаво измешајте ги во смесата. Земете една тава и покријте ја со хартија за печење.

Одозгора сипете ги јаткастите плодови. Печете 15 минути, а потоа со лажица измешајте ги и одлепете ги оние јаткасти плодови што се залепиле. Намалете ја температурата на 120 степени Целзиусови и печете уште 10-15 минути додека јаткастите плодови не добијат златна боја.

Потоа извадете го тавчето од рерна извадете ги и одвојте ги оние што се споиле меѓу себе и ставате ги во чинија за послужување. Декорирајте со ливчињата рузмарин, а послужете ги со ладно пиво во замрзната кригла.

Крцкави зачинети јаткасти плодови

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.