Задоволство за непцата: Шуплива пита со месо

Превкусно!

Уживајте во секое залаче!

Доколку сте расположени за експериментирање, збогатете го вообичаеното мени со нови и интересни солени јадења, уживајќи во секое залаче. Оваа шуплива пита со месо е полн погодок!

Состојки:
  • 12 листа тенки кори за пита •сусам

За премачкување

  • 3 белки
  • 250 мл јогурт
  • 250 мл павлака
  • 200 мл масло
  • 70 г екстра-бело брашно тип 400 од „Жито Лукс“
  • 70 г гриз
  • 1 прашок за печиво
  • сол

За полнење:

  • 2 главици црвен кромид
  • 500 г мелено месо
  • 3 жолчки

Приготвување:

1. За приготвување на премазот, белките со прстофат сол се матат во цврст снег. Постепено се додаваат маслото, јогуртот и павлаката, со непрекинато матење со миксерот.

2. Посебно се соединуваат екстра-белото брашно тип 400 од „Жито Лукс“, гризот и прашокот за печиво, па со црпалка се додаваат во смесата.

3. За приготвување на полнењето од месо, црвениот  кромид се чисти и се сечка на коцки,па се пржи на малку масло. Се додава меленото месо и се пржи, со непрекинато мешање,додека ја промени бојата. Се трга од шпоретот и се остава да се олади.

4. Во оладениот полнеж се додаваат жолчките и зачини по желба, па се меша.

5. Се издвојуваат четири кори, се премачкуваат со приготвениот премаз од белки и се редат една преку друга. Преку горната кора се распоредува третина од полнежот од мелено месо, бочните страни се превиткуваат 2 см кон средината, за да не истекува полнењето, па корите се виткаат во ролат. На истиот начин се обликуваат уште две ролнички.

6. Тепсијата се обложува со хартија за печење, па во неа се поставуваат штрудлите. Се премачкуваат со остатокот од премазот и се посипуваат со сусам. Се печат во загреана рерна,на 200 степени, додека поруменат.

Извор: Добра храна

Ако барате полесен рецепт, пробајте ги овие полнети палачинки со зелка!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.