Зачинети интегрални погачки

Погачките се приготвуваат 30 минути, се оставаат да нараснат 90 минути, а се печат во рерна 20 минути.

СОСТОЈКИ:

За тестото:

350 г интегрално брашно

250 г брашно (тип 500)

40 г квасец

180 мл павлака

2 јајца

70 мл масло

150 мл млако млеко

100 г ситно сирење

2 лажички сол

1 лажичка жолт шеќер

1 лажица оцет

Фил:

150 г ситно сирење

4 лажици кисела павлака

1 јајце

2 лажички сушен босилек

80 г прашка шунка

1 лажичка оригано

1 лажица мелени толчени пиперки

Друго:

2 жолчки

сусам, лен, сончоглед

1 лажица масло

2 лажички на вода

Приготвување:

Изронете го квасецот во млако млеко со шеќер, па оставете го да нарасне.

Ставете го интегралното брашно во подлабок сад и додајте сол, павлака, масло, оцет и јајца.

Потоа додајте ги сирењето и надојдениот квасец, па постепено додавајте го обичното брашно и замесете мазно тесто.

Покријте го со крпа и оставете го да нарасне.

Поделете го тестото на топчиња со големина по желба, па оставете ги 15 минути да постојат.

Изгмечете го сирењето, додајте јајце, павлака и сечкана шунка. Додајте оригано, босилек и толчен пипер, па промешајте.

Истенчете ги топчињата со сукало, па во средината ставете малку фил. Спојте ги краевите и формирајте тркалезна погачка.

Наредете ги во плех обложен со хартија за печење, премачкајте ги со матени јајца и посипете ги со семки.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.