Заборавете на класичниот омлет: Една состојка го претвора во вистински појадочен специјалитет!

Кога сакаме брз, вкусен и хранлив појадок, омлетот секогаш е меѓу првите избори. Но, понекогаш само една мала состојка е доволна да го претвори во вистински специјалитет!

По препорака на Давор Панчевски (@daveskitchenofficial), во класичниот омлет додадовме суви пиперки и добивме комбинација што воодушевува со богат вкус и домашен шмек. Идеален е за бавни утра, викенд појадоци или кога сакате нешто едноставно, а посебно.

Омлет со суви пиперки

Потребни состојки:

  • 3 јајца
  • масло за јадење
  • 2 суви пиперки (може и свежи)
  • сол по вкус
  • овчо сирење за послужување

Приготвување:

  1. Во загреано тавче ставете масло и оставете го да се загрее две-три минути.
  2. Изматете ги јајцата со виљушка и ставете ги во тавчето со врелото масло.
  3. Додајте ја ситно исечканата сува или свежа пиперка и превртете го омлетот за да се испржи и од другата страна.
  4. Посолете по вкус и послужете со овчо сирење.

Едноставно, брзо и превкусно – рецепт кој ќе го подготвувате повторно и повторно!

Забавно готвење!

Текст: Убавина и здравје

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе