Одличен избор за оние што сакаат да го доведат телото до топ форма
Оваа салата е одлична за оние денови кога немате многу време, бидејќи за нејзината подготовка ќе ви требаат вкупно 5 минути. Многу е здрава, богата со протеини, кои се неопходни за правилен развој на мускулите и многу е вкусна.
Состојки:
- 1 шолја леблебии
- 1/2 шолја киноа
- 1/2 шолја варен пченка
- 1/2 шолја варен грашок
- 3 лажици маслиново масло
- неколку ливчиња нане
- 1 домат
- сол и бибер
- малку сушена мајчина душица
- малку лимонов сок
Приготвување:
Подготовката е многу едноставна. Се’ што треба да направите е сите состојки да ги ставите во чинија, да ги измешате и вашиот оброк е готов. Добар апетит!
ФОТО: Pixabay