За љубителите на печива: Израелско хачапури

Вкусно и меко

Уште еден традиционален израелски рецепт за љубителите на вкусно печиво, идеален за појадок или за ручек – хачапури!

Потребно за 4 парчиња:

За тесто: 400 г брашно, 1,5 дл вода, 1/4 свеж квасец (10 г), 1 лажичка маргарин, 1 јајце, сол, шеќер;

Преостанати состојки: 300 г сирење, 2 јајца, 150 г замрзнати малини, 2 лажички шеќер, рендана кора од 1 портокал

Приготвување:

Квасецот разматете го во млака вода, во која сте додале малку шеќер и сол. Оставете да отстои 10 минути. Во чинија за месење тесто ставете ги брашното, разматениот квасец, маргаринот, 1 јајце и сол. Замесете тесто и оставете го да нарасне (30 мин.).

Тестото префрлете го на работна површина, поделете го на 4 еднакви дела и од секој формирајте јуфка. Со сукало направете кругови, со дебелина од 4 до 5 мм. Во средина на секој дел ставете полна лажица сирење, а потоа и малку на краевите. Внимавајте сирењето да биде рамномерно распоредено по целата површина на хачапурито.

Рерната загрејте ја на 200˚Ц. Плехот обложете го со хартија за печење, па ставете го тестото. Печете 20-25 мин. Пет минути пред крај на печењето над 2 хачапурија скршете по едно јајце и малку посолете. Вратете во рерна за да се испечат јајцата.

Во помало тенџере ставете 2 лажици шеќер, малини и рендана кора од портокал. На умерен оган варете додека сосот не се згусне. Непосредно пред сервирање со сосот прелијте ги хачапуријата без јајца.

Текст: Бранкица Трескавица

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.