Врвно предјадење за сечиј вкус: Отворена пита

За 6 лица, потребно време за приготвување: 140 минути

Оваа пита е вистински рај за непцата!

Состојки:

За тестото:

  • 500 г екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“
  • 5 г сув квасец
  • 250 мл млака вода
  • 1 лажиче шеќер
  • 3 лажици масло
  • малку сол

За филот:

  • 200 г урда
  • 200 г фета-сирење
  • 1 јајце

За преливот:

  • 2 јајца
  • 100 мл млеко
  • сол

Други состојки:

  • 3 лажици путер
  • сусам

Приготвување:

1. Во 100 мл млака вода се матат сувиот квасец и по едно лажиче шеќер и екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“, па се остава на топло да нарасне.

2. Во сад се соединува половина од екстра белото брашно тип 400 на „Жито лукс“ со малку сол, се додаваат нараснатиот квасец, маслото и преостанатата вода. Се поврзуваат состојките, па постепено се додава преостанатото брашно и се замесува мазно тесто.

3. Нараснатото тесто се премесува и се дели на две топки – една поголема и една помала. Се оставаат да отстојат десетина минути.

4. Поголемата топка се сука и се премачкува со путер. Во средината се става поширока чаша, па тестото околу неа се засекува осум пати. Засечените делови се превиткуваат кон средината, па добиената топка се превртува наопаку. Се остава да одмори десетина минути. Потоа топката се сука, тркалезен плех се намрсува и набрашнува, па се става во него исуканото тесто, така што краевите на тестото ќе преминуваат над рабовите на плехот.

5. За приготвување на филот се поврзуваат урдата и фета-сирењето со јајце, па половина се распоредува преку тестото.

6. Се приготвува преливот – се соединуваат јајцата со млекото и малку сол, па третина се прелева преку филот во плехот. Се прекрива со другата, помала исукана топка, па се нанесуваат преостанатото сирење и другата третина од преливот.

7. Краевите од долната кора се превиткуваат кон средината, се премачкуваат со остатокот од преливот и се посипуваат со сусам. Се пече во загреана рерна на 200°Ц.

Извор: Добра храна

Солен деликатес: Највкусната пита со месо и со печурки
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.