Вкусот на Израел: Шакшука

Вкусен појадок

Официјалната статистика вели дека во Израел има доселеници од над 70 земји, така што израелското мени е навистина збогатено со многу разновидни традиционални јадења од речиси сите краишта на светот. Доминантна е медитеранската кујна, следува ориенталната, а присутни се и јадења што ги донеле Евреите кои порано живееле во Русија и во централна Европа. Во продолжение ви претставуваме вкусен рецепт за појадок – шакшука!

Потребно за 2 лица: 300 г колбаси за скара, 5 чешниња лук, половина луто пиперче, 1 кг домати, 4 јајца, 1-2 лажички сладок црвен пипер,1 лажичка буковец, сол, црн пипер, масло

Приготвување: Во тава, на средно жешко масло, пропржете ситно сечкан лук и луто пиперче. Често мешајте. Додајте ги колбасите сечкани на парчиња. Пржете 2-3 мин., па додајте ситно сечкани домати. Ставете сол и црн пипер. Оставете го доматот да се вари на умерен оган додека течноста сосема испари (15-20 мин.). Потоа јадењето зачинете го со слатка и со лута пиперка и додајте јајца. Внимавајте жолчките да останат цели, а белките полека измешајте ги со лажичка. Варете уште неколку минути, додека се сварат јајцата (4-5 мин.).

Текст: Бранкица Трескавица

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.