Вкусот е фантастичен и ќе ве држи сити: Брза салата од јајца што може да го замени ручекот

Готова е за секунда!

Овој рецепт е како створен за вас ако немате време

Салатата од јајца е одлично решение кога немате многу време да приготвувате оброк. Може да ја јадете со парче леб или топол тост. Јајцата може да ги сварите однапред и само да ги излупите и исечкате пред послужување.

Состојки:
  • 6 тврдо варени јајца
  • 3 лажици мајонез
  • 1 лажица исечкан кромид
  • бибер
  • црвена пиперка
  • сол

Приготвување:
  • Сварете јајца, добро изладете ги, излупете ги и исечкајте ги на мали коцки. Измешајте ги јајцата со мајонез и исечкан кромид и зачинете ги по желба.
  • Ставете ја салатата во фрижидер барем половина час.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.