Вкусни чамчиња со фил за 3 лица

Солено печиво

За приготвувањеа ова вкусно предјадење ќе ви бидат потребни 30 минути. Тестото треба да мирува 40 минути, а чамчињата се печат во рерна 30 минути. За приготвување на овие чамчиња, ние се одлучивме за фил со тенка сланина. Добар апетит!

Состојки:

* 500 г брашно

* 20 г свеж квасец

* 1 лажиче сол

* 3 лажици маслиново масло

* околу 250 мл јогурт

* малку млеко

* 150 г сланина

Приготвување:

  1. За приготвување на тестото разматете го квасецот во 100 мл топла вода со лажиче шеќер и брашно. Оставете на топло да нарасне.
  2. Во посебен, сад соединете ги брашното, солта, нараснатиот квасец, маслото и јогуртот, па замесете масно тесто. Покријте го со крпа и оставете го да одмори 30 минути.
  3. Поделете го тестото на 6 дела и обликувајте топчиња. Истенчете ги во елипсести кори и ролувајте ги. Издолжете ги малку краевите на кифличките за да обликувате чамчиња.
  4. Обложете ја тепсијата со хартија за печење, па наредете ги чамчињата. Оставете ги да одморат 10-тина минути. Потоа, засечете ги на средина и премачкајте ги со млеко. Посипете ги со ситно сечкана сланина.
  5. Печете ги во загреана рерна на 200°С околу 25 минути.

Совет: чамчињата можат да се приготват и со различен фил: сланина, печурки, домати, пиперки, сирење…

Текст: Бакина пецива

Фото: Илустрација

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.