Вкусна грчка тиропита со фета-сирење: Меко тесто што освојува со мирисот на Медитеранот

Кој може да им одолее на вкусовите на Медитеранот?

Грците навистина знаат што прават кога станува збор за печива

Грчката тиропита е одличен избор ако сакате да отстапите малку од традиционалните пити со сирење и да пробате нов рецепт.

Овие класични мали триаголници од сирење се воздушести, кремливи и едноставни за приготвување. Совршен појадок или предјадење за забава, а можете и да ги замрзнете.

Состојки (за 24 триаголници):

За филот:

  • 650-700 г сирење рикота
  • 500 г здробено фета-сирење
  • 70 г рендан пармезан
  • 2 изматени јајца
  • 2 лажици маслиново масло
  • свежо мелен бибер по вкус
  • 2 лажици ситно сечкано свежо нане или мирудија

За кората:

  • 500 г кори за пита
  • 120 г стопен путер
Приготвување:

Одмрзнете ги корите за пита прекуноќ во фрижидер, а потоа оставете ги во пакувањето на собна температура најмалку еден час.

Загрејте ја рерната на 180 степени. Во голем сад ставете рикота, издробете фета, додајте бибер, маслиново масло и нане. Промешајте и пробајте. По потреба, додајте уште зачини. Изматете јајца и додајте ги во филот од сирење. Тргнете на страна.

Пресечете ги корите на три еднакви дела по должина и чувајте ги завиткани во пластичната амбалажа додека затребаат.

Наредете две кори за пита една врз друга по должина и прелејте ги со малку стопен путер. Ставете лажица фил од сирење на дното од корите и преклопете го тестото во форма на триаголник.

Поставете ги триаголниците на плех, премачкан со путер. Премачкајте ги врвовите на секој триаголник со стопен путер. Печете на средната решетка од рерната околу 40 минути додека заруменат и станат крцкави.

Послужете ги топли со малку мед.

Упатство за замрзнување: Склопете ги питите и замрзнете ги. Во замрзнувач ќе останат свежи до 3 месеци. Печете ги замрзнати (покриени со фолија) во претходно загреана рерна на 175 степени, 30 минути. Тргнете ја фолијата и печете ги додека заруменат. Добар апетит!

ФОТО: Принтскрин Јутјуб

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе