Вкусен и здрав оброк на лажица: Вариво од грав со тестенини

Зајакнете го имунитетот!

Ако варивото не го послужувате непосредно по приготвувањето, тестенините додајте ги подоцна

Состојки:
  • 1 помал страк праз
  • 1 среден морков
  • 1 среден пашканат
  • 3 стебленца целер
  • 300 г црвен варен грав
  • 100 г ситни тестенини
  • 350 мл доматен сок
  • 1 л зеленчукова супа
  • босилек
  • црн пипер
  • сол
  • масло

Приготвување:

1. Празот се чисти и се сече на коцки, пашканатот и морковот се лупат и исто така се сечат на коцки.

2. Стебленцата целер се лупат и се сечат на полукругови.

3. Тестенините се варат во солена вода, а потоа се цедат од вишокот течност.

4. На малку масло се пржи празот, а потоа се додаваат морковот и пашканатот, па сето тоа заедно кратко се пржи.

5. Откако ќе зеленчукот ќе омекне,се додаваат стебленцата целер. Понатаму се динста со долевање по малку течност десетина минути.

6. Се додаваат доматниот сок и зеленчуковата супа,па се вари додека зоврие. Се додава малку босилек, се посолува и се запиперува по желба.

7. При крајот на варењето се додаваат сварените тестенини и црвениот грав, сето тоа заедно се вари уште 5 минути.

Извор: Добра храна

Пробајте и вкусно вариво од црвена леќа!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.