Витаминска чорба: Еднаш неделно прочистете го организмот од масти и токсини

Одличен начин на детоксикација!

Издвојте еден ден неделно за да го прочистите организмот од месо, благо и печиво – цел ден јадете само чорба

Состојки:
  • 1/2 праз
  • 2 моркова
  • 1 целер
  • 1 корен од магдонос
  • коцка зелка
  • малку грашок
  • 1 свежа пиперка
  • бибер во зрно
  • 1 шолја ориз
  • масло
  • лист од магдонос
  • лавров лист
Приготвување:

Сиот зеленчук исечкајте го на коцки. На масло пропржете еден рендан морков, па додајте сечкан праз и издинстајте, а подоцна додајте го и останатиот зеленчук и динстајте малку. Сипете вода, додајте бибер во зрно и лавров лист. При крајот на готвењето додајте го измиениот ориз. На крајот, ставете малку лист од магдонос, зачини, сол. Добар апетит!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.