Уживање за непцата: Компир полнет со сос од соја

Добар апетит!

Пробајте го ова вкусно предјадење што сите љубители на компир ќе го обожаваат

Состојки:
  • 8 поголеми зрели компири
  • 1 главица црвен кромид
  • 2 чешниња лук
  • 150 г лушпи од соја
  • 2 зелени пиперки
  • 4 стебленца целер
  • 2 моркова
  • 1 лажица жолт шеќер
  • 350 г лупени домати
  • 4 страка млад кромид
  • 80 г маргарин
  • масло
  • сол
  • пипер

Приготвување:

1. Компирите се мијат, а потоа се боцкаат со чепкалка. Рерната се загрева на 200°С, па се ставаат во неа приготвените компири и се печат додека омекнат.

2. Црвениот кромид, морковите и пиперките се чистат и се сечат на коцки. Младиот кромид се сече на крукчиња, а лукот што поситно. Стебленцата целер се лупат и се сечат на полукругови.

3. На малку масло се пропржуваат црвениот кромид и лукот, се посолуваат и се оставаат да пуштат сок, а потоа се пржат на умерена температура додека поруменат.

4. Потоа се додаваат морковите, па и тие кратко се пржат. Постепено се долева вода и се динста.

5. Кога ќе омекне зеленчукот наполу, се додаваат пиперките и стебленцата целер.

6. Се динста додека омекне зеленчукот, а вишокот течност да испари, па се додаваат лупените домати измиксирани во блендер. Се промешува да се соединат состојките, се долева малку вода и се остава да зоврие.

7. Потоа се додаваат лушпите соја, младиот кромид и зачини по желба, па се динстаат на умерена температура, долевајќи малку вода, додека се згусне сосот.

8. Печените компири се вадат од рерната и се засекува во секој крст. Во секој компир се става коцка маргарин, па се чека да се стопи. Со виљушка нежно се гмечи средината од компирите и се прелева со приготвеното полнење од соја.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.