Три вида палачинки сервирани на уникатен начин!

Еден од рецептите на нашите гастро-мајстори

Овие палачинки се идеални за појадок, вечера или ужинка

Нашата блогерка за храна Весна Ѓурковска – Каеска ни приготви интересен оброк, а повеќе нејзини рецепти може да најдете на нејзиниот инстаграм-профил @vkusniprikazni.

Палачинка од јајца

Состојки:

*2 јајца *зачини по избор.

Приготвување:

Двете јајца кратко се блендираат или матат со најголема брзина. Се ставаат во тава за печење, премачкана со кокосово масло да се испечат од двете страни.

Зелени палачинки

Состојки:

*1 јајце *1 дланка свеж спанаќ *200 гр интегрално пченично брашно *180-200мл кефир или јогурт *прстофат сол и пола лажичка сода

Приготвување:

Се блендира смесата на најјсилно, додека не се добие течна смеса. Се пече на тава со кокосово масло.

Црвени палачинки

Состојки:

*1 јајце *една дланка капини *половина банана *200 гр интегрално пченично брашно *200 мл кефир

Приготвување:

Смесата се блендира, за да се добие хомогена и истата да се испече на нелеплива тава премачкана со кокосово масло.

СЕРВИРАЊЕ:

1. Потребни ви се делови од сложувалка, нож и ножици.

2. Ставете го делчете врз палачинката

3. Исечете форма со помош на ножот.

4. Повторете ја постапката со другите две палачинки.

5. Искористете ги ножичките за попрецизно сечење на посакуваните форми.

Уживајте во вашиот уникатен, хранлив и вкусен оброк!

Извор: Добра храна

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.