Три рецепти за кашест сок за одличен почеток на денот

Испробајте!

Како што се подготвуваме за работа наутро или бркаме некои други обврски (хранлив) појадок е последното нешто што ни паѓа на ум! За среќа, има пијалак – одлично за започнување на денот, а се подготвува за неколку минути.

Појадокот е многу важен оброк – може да ви го разубави или расипе денот. Нутриционистите советуваат да содржи 400 калории, што претставува 20 проценти од вкупната дневна количина калории што просечна личност мора да ги внесе.

Таквиот појадок треба да се состои од растителни влакна и јаглехидрати од природни шеќери, како и протеини. За сите оние кои немаат време да готват овесна каша, да пржат јајца или полека да јадат овошна салата, кашестиот сок е најдоброто решение, бидејќи сите потребни хранливи состојки може да се внесат со едно движење, а идеални намирници се семките, јаткастите плодови и нивните намази, овошје и зелен зеленчук.

Таквите оброци можат да нè заситат неколку часа.

Ви донесуваме три различни рецепти за сечиј вкус, без разлика дали сакате слатки или малку кисели верзии на смути.

Сè што треба да направите со секој од наведените рецепти е да ги ставите сите состојки во блендер и да ги мешате додека не добиете еднолична смеса.

Смути од банана и путер од кикирики

Состојки:

  • 1 лажица путер од кикирики
  • 1 лажица семе од чиа
  • 1 банана
  • 2 дл млеко по ваш избор (растително или животинско)
  • ½ лажици какао (по избор)

Зелено смути

Состојки:

  • Неколку лисја спанаќ (можат да бидат и замрзнати)
  • Неколку лисја кељ
  • Половина авокадо
  • 2 дл млеко по ваш избор (растително или животинско)
  • Половина јаболко
  • 1 лажица спирулина (по избор)

Розово чудо

Состојки:

  • Неколку јагоди или диви бобинки
  • 2 дл млеко по ваш избор (растително или животинско)
  • ½ чаши необработена овесна каша
  • ½ лажици мед
  • 1 лажица семе од чиа

Пријатен оброк!

Прочитајте и: Врвен готвач ги открил триковите за најсовршено похувано пилешко: Сочно и крцкаво – се лепи за прсти!

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.