Нема да можете да им одолеете на овие грицки од пуканки!
Потребни состојки:
- 2 шолји шеќер
- 1,5 шолји вода
- половина шолја пченкарен сируп
- лажичка оцет
- половина лажичка сол
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 18 шолји пуканки
Приготвување:
Во тенџере измешајте шеќер, вода, пченкарен сируп, оцет и сол. Ставете го да се загрева додека смесата не достигне температура од 123 степени (ќе ви треба термометар за десерти).
Тргнете ја смесата од рингла, додајте ванила, па полека почнете да ги додавате пуканките со внимателно мешање. Кога смесата ќе се излади доволно за да можете да ја допирате со раце, почнете да формирате топчиња со посакуваната големина. Намачкајте ги рацете со малку масло претходно.
Оставете ја смесата целосно да се излади на хартија за печење. Уживајте!