Тестото секогаш ќе ви излегува совршено: Ова е најдобрата замена за квасец!

Сигурно ја имате во кујната!

Пекарите одамна знаат за овој трик

Сакавте да го замесите вашето омилено тесто, но не успеавте да најдете квасец во продавница? Не очајувајте, имаме решение. Искусните пекари знаат дека за квасецот постои замена со која тестото секој пат ќе ви излегува одлично.

За тестото доволно да ви нарасне и да биде вкусно ќе ви послужи обична сода бикарбона!

Се’ што треба да направите е во смесата да додадете 1-2 лажички сода бикарбона, во зависност од количината на тестото.

Брза погача со сода бикарбона

Состојки:

  • 500 г меко брашно
  • 250 мл млака вода
  • 1 лажичка сол
  • 1/2 лажички сода бикарбона
Приготвување:

Растворете сода бикарбона во малку ладна вода и додајте брашно што сте го посолиле. Со постепено долевање млака вода, замесете тесто кое е мазно и малку поцврсто.

Месете го тестото околу 5 минути, а по потреба додавајте брашно. Покријте го тестото и оставете го 15-тина минути, а за тоа време загрејте ја рерната на 250 степени.

Печете додека погачата зарумени.

Прочитајте и како да направите домашен леб без квасец.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.