Тестенини „ала Капрезе”

Испробајте!

Збогатете го вашето мени со ова вкусно предјадење!

Состојки:

  • 400 гр тестенини
  • 200 гр сланина
  • 250 гр шери домати
  • 5 дл павлака за готвење
  • 1 јајце
  • босилек
  • 200 гр моцарела
  • 40 гр пармезан
  • мешавина од зачини
  • масло

Подготовка:

Гответе ги тестенините во солена вода, а потоа исцедете ја вишокот течност.

Исечете ја сланина на стапчиња, доматите на четвртини. Изрендајте ја моцарелата на големо ренде. Пржете ја сланината во малку масло, додадете ги доматите и пржете сè заедно на умерена температура додека доматите не омекнат. Додадете ја павлаката за готвење и загрејте ја до точката на вриење.

Потоа тргнете од топлината, додадете ги тестенините, јајцето, моцарелата, пармезанот и босилек по вкус. Промешајте полека.

Нанесете масло во огноотпорниот сад и истурете ги подготвените тестенини во него. Ставете во загреана рерна на 180 степени да се пече.

Предлог за десерт: Десерт од нашите баби: Најсочниот колач со кајсии кој ќе ве врати во детството!

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.