Тајната на француските готвачи: Ако сакате пирето од компири да ви биде совршено, мора да го содржи ОВА!

Кулинарски трикови

Совршен прилог за секое месо и гулаш е токму пирето од компири, но за да биде совршено, мора да го направите на овој начин

Пирето од компири, покрај помфритот е најчестиот прилог со разни оброци на нашата трпеза, а секоја домаќинка има свој посебен трик за приготвување на овој специјалитет. Ние ви ја откриваме тајната на француските готвачи…

Потребни состојки:
  • 1 килограм компири
  • 500 грама рендано сирење
  • 2 чешниња лук
  • 30 грама путер (може да користите и обично масло)
  • 1 лажица павлака
  • сол
  • бибер

Приготвување:

Сварете ги компирите, па исцедете ги и оставете ги неколку минути за да се оладат малку. Потоа, додајте го ситно сечканиот лук, па изматете го компирот во пире. Додајте путер и павлака и матете додека не се стопат. На ред доаѓа и ренданото сирење. Додајте го и мешајте го со лажица додека не се соедини со пирето и не добиете еластична смеса. Зачинете и послужете по желба.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.