Едноставен рецепт за вкусна супа, одлична за подобрување на здравјето.
Состојки:
- 500 гр моркови
- корен од ѓумбир од 1,5 см
- сок од половина лимон
- 2 лажички екстра девственото маслиново масло
- лисја од магдонос
- сол
- бибер
- 1 л вода
Подготовка:
Изрендајте ги морковот и ѓумбирот (ѓумбирот на најситно). На малку масло кратко пропржете го изренданиот морков. Додадете врела вода и изренданиот ѓумбир и варете околу три минути. Додадете сол и бибер пред крај, а листовите магдонос и сокот од лимон во готовата супа.
Испробајте и: Неверојатен вкус: Торта од морков
ФОТО: Getty Images