По рецепт од стариот тефтер!
Пилешката чорба е едно од традиционалните јадења „на лажица“, кое секогаш со задоволство наоѓа место на семејната трпеза.
Состојки:
700 грама пилешко месо (од батак)
3 мали кромидчиња (или 2 поголеми)
2 чешниња лук
3 моркови
2 помали бабури
1 конзерва доматна паста
1 лажици црвен пипер
2-3 ловорови листови
масло
бибер
мешан зачин
Начин на подготовка:
Пилешкото добро измијте го, исечете ги батаците, па зачинете со сол, бибер и мешан зачин.
Во тенџере сипете масло, па ставете го месото да се пржи на средна температура околу 15 минути, додека не добие убава златна боја.
Никогаш не ја отстранувајте кожата од копаните, бидејќи таа треба да го даде тој шмек на јадењето.
Додека месото се крчка, ситно исецкајте го кромидот, а потоа излупете го морковот и исечете го на прстени. Измијте ги пиперките, извадете ги семките и исечете ги на мали коцки.
Од тенџерето извадете го „заруменото“ месо и ставете го на чинија, а во истото масло пропржете го кромидот додека не омекне. Додадете ги исечканите моркови и динстајте ги заедно неколку минути додека не омекнат.
Потоа истурете ја водата, која претходно сте ја загреале. Доволно е колку да го покрие зеленчукот. Не претерувајте, бидејќи пилешката чорба не треба да биде премногу водена.
Додадете една и пол лажица слатка мелена пиперка и половина лажица лута пиперка (ќе даде одличен вкус) и добро измешајте. Доколку сакате јадењето да ви биде позачинето, можете да додадете малку повеќе од лутата пиперка.
Испасирајте две чешниња лук (или исечкајте многу ситно) и додајте ги во тенџерето. Намалете ја топлината на средно, додадете 2 ловорови листови, поклопете и оставете да се динста.
Вратете го месото. По 20-тина минути додадете ја доматната паста и два главица кромид (претходно исечкана на коцки) и сè убаво измешајте.
Оставете ја пилешката чорба да се крчка на тивок оган околу 45 минути, вртејќи го месото од време на време.
На крај додадете магдонос, сол, бибер, добро измешајте и исклучете го шпоретот. Оставете ја тавата да отстои на загреан шпорет уште 15 минути.
Добар апетит.
pexels- supa