Совршено наредено предјадење за 5 минути: Чекор по чекор!

И вие ќе уживате!

Многу е поедноставно одошто изгледа

Сезоната на слави полека почува и вистинско време е да научите како да сервирате предјадење како професионалци.

Иако тоа можеби ви звучи комплицирано, во овој случај тоа правило не важи. Многу е едноставно да го наредите предјадењето во прекрасен цвет, а сите гости ќе бидат воодушевени од изгледот.

За ова предјадење ви треба:
  • 100 г кашкавал
  • 100-150 г салами по избор
  • 3-4 листа зелена салата
  • околу 500 г француска или руска салата
  • 250-300 г тенко сечена пршута или печеница
Редење на предјадењето:

Свиткајте лист пршута во ролна и ставете го на средина на чинијата. Околу неа завиткајте друг лист – виткајте го во должина – и така редете ги еден по друг додека на крај не добиете прекрасен цвет.

Исечете ги листовите зелена салата на три дела, завиткајте ги околу пршутата, па со лажица ставете руска или француска салата врз зелената.

На рабовите од одбраната салата повторно ставете ленти од зелена салата.

Сега на ред е саламата. Виткајте ги тенко сечените кругови на половина и ставајте ги врз последниот ред зелена салата. Со калап направете ѕвездички од кашкавал и ставете ги меѓу листовите салама.

Вашето предјадење е готово!

Пробајте ги овие солени коцки со спанаќ, достојни за кралска трпеза.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.