Совршена комбинација на вкусови: Оваа крем-салата е вистински солен деликатес

Предјадења

Пригответе вкусна салата

Состојки:
  • 250 г маринирани шампињони
  • 125 г мисиркини гради – салама
  • 2 моркови
  • 5 компири со средна големина
  • 1 помал страк праз
  • 100 г кисели краставички
  • 2 јајца
  • 200 г кашкавал
  • 200 г мајонез
  • 100 мл кисела павлака
  • бибер
  • сол

Приготвување:

1. Компирот се мие и се вари во вода сосе лушпата. Се цеди од вишокот течност и се остава да се олади, а потоа се лупи и се сечка на коцки.

2. Морковите се лупат и се варат во солена вода, а потоа се сечкаат на коцки.

3. Јајцата се варат, се лупат и се сечкаат на коцки.

4. Мисиркините гради, киселите краставички и празот се сечкаат на коцки, маринираните печурки на ливчиња, а кашкавалот се ренда крупно.

5. Во сад се мешаат исечканиот зеленчук, јајцата и саламата, се додаваат мајонезот, бибер и сол и добро се меша, да се добие еднолична смеса. Пред послужувањето, приготвената салата се остава во фрижидер, да се олади.

Извор: Добра храна

Крем салата со тестенини, домати, спанаќ и сланина
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.