Солени коцки со спанаќ: Совршено ладно предјадење достојно за кралска трпеза!

Ќе ги обожавате!

ФОТО: CooKing

Идеално предјадење за слава или сосема обична прилика, кое многу лесно се приготвува

Состојки:

За првата кора

  • 2 јајца
  • 100 грама брашно
  • половина лажичка сол
  • половина лажичка прашок за печиво
  • 50 милилитри масло
  • 100 милилитри јогурт

За првиот фил

  • 50 грама сирење гауда
  • 2 лажици кисело млеко
  • 1 лажица мајонез
  • 100 грама шунка

За втората кора:

  • 2 јајца
  • 300 грама замрзнат спанаќ
  • 100 грама брашно
  • половина лажичка сол
  • половина лажичка прашок за печиво
  • 50 милилитри масло
  • 100 милилитри јогурт

За вториот фил

  • 2 јајца
  • 50 грама гауда сирење
  • 2 лажици кисело млеко
  • 50 милилитри млеко
  • 100 грама печеница
Приготвување:

Прво, сварете го спанаќот во солена вода, исцедете го и оставете го да се излади.

Приготвување на првата кора: Измешајте брашно, сол и прашок за печиво. Изматете две јајца и постепено додавајте им 100 милилитри јогурт и 50 милилитри масло. Во смесата постепено додавајте брашно. Тепсијата во која ќе ја печете кората обложете ја со хартија за печење. Сипете ја смесата рамномерно во тепсијата и ставете ја кората да се пече околу 30 минути на 200 степени. Покријте ја печената кора со чиста крпа и оставете ја да се лади.

Додека првата кора се пече, пригответе ја смесата за втората кора. Направете се’ исто како за првата кора, со тоа што тука ќе го додадете и сварениот спанаќ. Печете околу 25 минути во претходно загреана рерна на 200 степени.

Време е за приготвување на филот: Измешајте 2 полни лажици кисело млеко и 1 полна лажица мајонез.

Во тепсијата каде што сте ги печеле корите, ставете ја првата кора, па врз неа наредете тенки листови сирење. Врз сирењето рамномерно распределете го филот од кисело млеко и мајонез, а врз филот наредете 100 грама шунка. Врз шунката ставете ја кората од спанаќ, па повторно наредете листови сирење. Врз сирењето наредете 100 грама печеница.

Втор фил: Во чинија изматете 2 јајца со 2 лажици кисело млеко и 50 милилитри млеко, потоа сипете ја смесата врз печеницата и ставете го во рерна да се потпече десетина минути.

Оставете го да се излади, а потоа пресечете го на коцки и послужете!

Извор: CooKing.rs

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.