Солен деликатес: Највкусната пита со месо и со печурки

За 4 лица, приготвување: 60 минути

Пита што ќе ви ги разбуди сите сетила

Состојки:
  • 300 г мелено јунешко месо
  • 2 главици црвен кромид
  • малку масло
  • 1 прашок за печиво
  • 4 јајца
  • 10 лажици екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“
  • 180 мл јогурт
  • 50 г пармезан
  • 150 г маринирани шампињони
  • пипер
  • сол

Приготвување:

1. Кромидот се чисти и се сечка на коцки, па се пржи на малку масло. Се додава меленото месо и се пржи со непрекинато мешање, додека ја промени бојата. Потоа се динста додека омекне месото и изврие вишокот течност.

2. Маринираните шампињони се сечкаат на коцки, се додаваат во тенџерето со месото, па се посолува и запиперува по желба.

3. Посебно се матат јајцата со малку сол, па постепено се додава јогуртот, со непрекинато матење со миксер. Одвоено се додаваат екстра белото брашно тип 400 на „Жито лукс“, прашокот за печиво и пармезанот, па со црпалка се додаваат во смесата од јајца, да не останат грутки.

4. Во приготвената смеса се додава динстаното месо и полека се промешува.

5. Плехот се намрсува и набрашнува, па во него се става смесата за питата. Се пече во загреана рерна на 200°Ц, додека порумени кората.

Извор: Добра храна

Превкусна пита со месо: Домашно полнето тесто што може да замени и ручек!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.