Сите нијанси на зелено: Салата со краставици, авокадо и јаболка!

Спој на необични вкусови

Оваа лесна, но исклучително вкусна салата позитивно ќе ве изненади

Рецептот е многу брз и едноставен, а приготвената салата може да ја ставите во тегла и да ја понесете со себе на работа.

Потребни состојки:
  • 1 помала краставица
  • ½ авокадо
  • ½ зелено јаболко
  • власец
  • сок од лимон
  • маслиново масло
  • сол, бибер
Начин на подготовка:

Исечкајте ја краставиците на ситни коцки. Потоа, додајте ги ситно исечканите авокадо и јаболко. Зачинете со сол, бибер, маслиново масло и сок од половина лимон. На крај, додајте исечкан власец. Уживајте во вкусниот оброк!

 

 

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време