Школа за готвење: Научете да правите домашна пита зврк!

Највкусното предјадење

Замесете сочна старинска пита од тенки свиленкасти кори, со необичен изглед и уште подобар вкус!

Состојки:

За тестото:

  • 500 г екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“
  • 300 мл вода
  • 1/2 лажиче сол
  • 50 мл масло +1 лажица

За преливот:

  • 200 мл јогурт
  • 40 г путер

Приготвување:

1. Во сад се поврзува половина од екстра белото брашно тип 400 на „Жито лукс“ со вода, лажица масло и малку сол, па се меша. Постепено се додава преостанатото екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“ и се меси со рака додека се добие мазно тесто. Замесеното тесто се остава да одмори дваесетина минути.

2. Потоа тестото се премесува, се дели на два еднакви дела и се обликуваат топки. Се оставаат да мируваат дваесетина минути.

3. Се зема едно топче и се става на набрашнета работна масичка. Тестото се сука со сукало што потенко и сече на осум правоаголници.

4. Се намрсува тркалезен плех со размер од 28 см. Со рака се фаќа секој правоаголник по средината, па се подигнува за да се собере тестото, а потоа се става во плех обликувајќи неправилно купче. Се продолжува истата постапка на обликување на тестото (се употребува и другото топче) додека се пополни плехот.

5. Питата се пече во загреана рерна на 200°Ц, додека порумени. Се вади од рерната, па користејќи лажица се прелева со јогурт. Путерот се растопува и со него се попрскува питата.

6. Прелеаната пита се враќа во исклучена рерна и се остава да отстои уште десетина минути.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.