Шест совети за совршена салата од компири: Засолете ја водата и секогаш рамномерно сецкајте ги

Салата од компири е една од најдобрите јадења кои одлично одат како прилог за скара. Но за да можете компир салата да ја доведете до совршенство треба да се држите до некои правила кои ќе ја направаат уште повкусна.

1. Одберете го компирот

Тоа зависи од вашиот вкус. Ако сакате слата со контрасни текстури (цврст компир и кремаст прелив) побарајте компир од видот Yukon Golda или црвен компир. Тие ќе го задржат својот облик и после готвењето. Ако сакате пак кремаст, скробниот компир ќе упие повеќе прелив (и ако не ви смета да се распадне) компирот од сортата  Russet за вас.

Солена вода во која готвите ќе помогнат тие да бидат солени и од внатре. Ако го прескокнете овој чекор компирите ќе бидат несолени, а солта ќе остане само од надвор.

3. Немојте да ги варите ниту премногу, ниту премалку

За да би избегнале претерано сварени компири пробајте да ги варите во ладна вода. Тоа е затоа што уфрлањето на сировиот компир во зовриена вода овозможува тие да се распадна однадвор многу побрзо уште пред да се сварат одвнатре.

4. Исечкајте го компирот рамномерно

Ова е клучно за одржување на конзистетна текстура на компирот. Ако компирите се разликуваат во големината, некои од нив ќе се сварат многу повеќе од другите.  Одвоете време за да ги исечкате подеднакво поради конечниот резултат кој ќе ви се исплати.

5. Зачинете ја салата во вистинско време

Aко правите прелив на база на мајонез, оставете го компирот потполно да се олади пред да ги измешате состојките, а и да го избегнете топењето на мајонезот. Меѓутоа доколку правите прелив на база на оцет, измешајте ги додека се компирите уште топли за да ги натопите со вкусови.

6. Оладете ги ако сакате салата со лук

Под традиционалната компир салата во нашите краеви се подразбира онаа со кромид, зачинета со сол, оцет и масло. Но за да излезе совршена потребно е да ја оладите после готвењето.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.