Шарена туршија: Највкусната зимска салата полна со здравје и витамини!

Мора да пробате!

На летото му се ближи крајот, што значи дека е време за приготвување зимница

Во зима имаме помалку овошје и зеленчук на располагање, а витамините и минералите тој период ни се попотребни одошто налето. Најдобриот начин да ги сочувате секако дека е приготвувањето зимница. Ви предлагаме рецепт за шарена зимница, салата што е убава на око, но и многу вкусна.

Состојки:
  • 1 кг краставички
  • 1 кг моркови
  • 1/2 кг зелен домат
  • 1/2 кг зелени пиперки
  • 1 кг карфиол
  • 1 кг зелка

За преливот:

  • 750 мл алкохолен оцет
  • 250 г шеќер
  • 150 г сол
  • 250 мл вода
  • 1/2 литар масло
  • 1 кесичка бибер во зрно
Приготвување:

Целиот зеленчук измијте го и исечете го на кругови, а зелката на тенки резанки. Морковот бланширајте го малку (околу 5 мин.), оладете го, па и него исечете го на кругови.

Во тенџере ставете вода, оцет, шеќер, сол, масло и бибер и варете на тивок оган до вриење. Кога ќе зоврие, со течноста прелејте го зеленчукот што сте го наредиле во тегли.

Салатата е спремна за употреба веќе наредниот ден. Добар апетит!

Модар патлиџан со лукче: Ова е салатата број 1 за годинешната зимница!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.