Салата со пилешко филе и со киноа

За 4 лица

Со утринските сончеви зраци, ни пристигнува доброто расположение, а изобилството од овошје и од зеленчук со кои се преплавени тезгите на пазарите ни овозможуваат да креираме нови и интересни оброци, со голем број вкусни и шарени намирници.

За приготвување на оваа вкусна салата со киноа ќе ви бидат потребни 30 минути.

Состојки:

500 г пилешко филе

400 г млад спанаќ

200 г домати

1/2 главица зелка

2 краставици

1 виолетов кромид

2 чаши варен киноа

сок од лимон

сол

црн пипер

маслиново масло

сусам

Приготвување:

 

Прелијте ја киноата со топла вода или со пилешки бујон и варете ја 15 минути од мигот кога ќе зоврие течноста.

На една шолја киноа се ставаат две шолји течност.

Зачинете ги пилешките филети по вкус, наросете ги со сусам и испечете ги во грил-тава или во рерна.

Исечкајте ги краставиците на коцкички, доматот на четвртини, зелката на резанки, а кромидот на крукчиња.

Измијте го и исушете го и спанаќот.

Во чиниите, прво ставете спанаќ, врз него распоредете го преостанатиот зеленчук, месото и киноата.

Направете прелив од лимонов сок и маслиново масло, па со него прелијте ја салатата и внимателно измешајте ја.

Текст: Добра храна

Фото: Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.