Салата со козјо сирење

Лесно и хранливо

Оваа салата е богата со хранливи состојки, па претставува вистински избор за енергичен старт на денот!

Потребно е: мешавина од зелени салати, морков, сос од мед, козјо сирење, маслинки или јагоди, сушени банани, никулци

Приготвување: Мешавината од зелени салати зачинете ја со сос од мед, додајте ги морковот, сушената банана и маслинките и добро измешајте. Пред сервирање додајте го козјото сирење и никулците.

Со што можете да ја зачините салатата?

Гостите можат да ја зачинат салатата со разни видови сол и оцет: црна,  хималајска, морска сол… Кога ќе ги пробате, ќе сфатите дека секоја сол не е иста, исто како што постојат разлики и меѓу видовите оцет.

Текст: Убавина и здравје

Фото: Pixabay

 

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време