Салата со домати и халуми-сирење

Ароматична и свежа

ПОРЦИЈА: 249 калории, 20 г масти (7 г заситени масти), 24 мг холестерол, 3 г растителни влакна, 8 г протеини, 11 г јаглехидрати, 8 г шеќери, 579 мг сол, 1 мг железо, 260 мг калциум

СОСТОЈКИ:

За 8 порции

80 мл масло + 1 лажица маслиново масло

250 г сирење халуми, исечено на пошироки ленти

60 мл вински оцет

1 лажичка сол

1 лажичка грубо мелен црн пипер

1,5 кг домати, исечени на тенки парчиња

свежи листови од босилек

свежи листови рукола

сусам

ПРИГОТВУВАЊЕ:

1 Загрејте лажица масло во тава или на скара и печете ги парчињата сирење додека добијат златно-кафена боја, околу една минута од секоја страна. Ставете ги парчињата на чинија и почекајте да се изладат (околу 5 минути).

2 Во меѓувреме, во подлабок сад измешајте оцет, сол, црн пипер и остатокот од маслото. Додајте ги доматите руколата и босилекот. Протресете го садот за да ги измешате состојките.

состојки комбинирани. Расцепкајте го халуми-сирењето на помали залчиња и додајте ги во чинијата.

3 Послужете ја салатата на поголема чинија и украсете ја со лисја од босилек.

Текст: Бојана Стојменовиќ

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.